Обуки во 2002
Обуки во 2003
Обуки во 2004
Обуки во 2005
Обуки во 2006
Обуки во 2007
Обуки во 2009
Oбуки во 2008.
Случајот LB INTERFINANZ A.G против Хрватска доби епилог пред Европскиот суд за човекови права (27.03.2008)
(21.04.2008.)

Случајот Периќ против Хрватска доби епилог пред Европскиот суд за човекови права (27.03.2008)

(21.04.2008.)

Совет на Европа – објавен е првиот извештај за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

(27.03.2008.)

Архива

Састанци

Евалуација на проектот

 
Почитувајќи ги поставените цели на проектот, беа вложени огромни напори проектот да се реализира така што имплицитно и експлицитно би се исполниле очекуваните цели. Со оглед на тоа дека активностите на сите семинари и обуки треба да ги задоволат потребите поставени во целите на проектот, организаторите настојуваа да организираат предавања, симулации на судења, дискусии и слични активности кои на најдобар начин би помогнале во реализацијата на саканите цели. Овие активности служеа како инструмент за претставување теми кои се однесуваат на човековите права. Како награда за високиот степен на ангажираност и желбата проектот да се реализира на најдобар можен начин, залагањата за време на реализацијата на проектот придонесоа кон постигнување на сите посакувани резултати.

Од почетокот на проектот до денес, релативно голем број правници беа запознаени со темата човекови права преку овие семинари. Во периодот 2001-2004 година, околу 500 правници зедоа учество на овие семинари (кликни тука за презентацијата на претходните фази). Очекуваните резултати по завршените фази на проектот изразени се преку општиот преглед на мислењата на учесниците во врска со семинарите, програмата, предавањата, како и нивните очекувања како стекнатото знаење би можело да им користи во идното работење. 

Идејата беше правниците, по исполнувањето на проектните активности и завршениот семинар, да бидат спремни за понатамошна работа во својата област и како резултат на стекнатото знаење и вештини истите да можат да ги споделат со пошироки целни групи, да бидат извор за медиумите во областа на законодавната и судската реформа, за соодветната администрација и за промоција на човековите права. Исто така, како резултат на нивното учество на семинарите, би требало да бидат оспособени за давање стручни совети на НВО-ата, правните клиники и фирмите, да бидат предлагани од страна на нивните власти за членови на секретаријатите на меѓународните и регионалните организации, посоодветно да учествуваат во работењето на НВО-ата и професионалните асоцијации, да делуваат како советници пред меѓународните судови и трибунали и како круна на сето горе наведено, да одржуваат контакти помеѓу земјите во регионот на владино и невладино ниво.

Со оглед дека тоа е веќе востановена пракса, после секој одржан семинар се спроведува постапка на евалуација на постигнатите резултати и впечатоците на учесниците за квалитетот на семинарот, стекнатите знаења и нивното мислење за идната употреба на овие знаења во сопствената пракса. Општо земено, околу 95% изјавија дека стекнатото знаење е во согласност со нивните професионални потреби. Исто така, огромно мнозинство смета дека стекнатото знаење е корисно и дека може да се примени во натамошната работа, така што учеството на семинарот ги инспирирало да продолжат со образованието во сферата на човековите права. Еден од главните индикатори за 2004 година, кој може да се наведе како добар пример е формирањето на група тренери, составена од 17 правни професионалци, главно судии и обвинители во регионот. Тие покажаа дека се помеѓу најдобрите мултипликатори на знаење, имајќи во предвид дека повеќето од нив учествуваа на семинарите како предавачи и фацилитатори. Се очекува дека оваа група во иднина ќе земе активно учество како во предавањата, така и во подобрувањето на методите на предавање за човековите права.

Во јануари 2006 година, како преглед на досега остварените резултати на проектот, Strategic Marketing Research направи истражување користејќи прашалник за целокупната популација на учесници на семинарот, во врска со нивното гледање на тоа дали биле во можност да го искористат во пракса стекнатото знаење и вештините после семинарот и слично. Резултатите од истражувањето се покажаа како позитивни и поволни за продолжување на проектот (кликни тука за презентација на резултатите од истражувањето). Воопшто, би можело да се каже дека овој проект ги постигна поставените цели и дека неговата реализација успешно ги опфати сите проектирани цели.